Констатирани низа неправилности во угосителски објекти во Тетово и Гостивар

Сподели:

Во текот на вчерашниот ден (19.03.2025), во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности, насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности, кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности.

-Извршени се контроли во 16 угостителски објекти (ТЕ-10 и ГВ-6), кај кои биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ и ДЗС ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово – информираат од СВР Тетово.

Исто така, вчера во 15.35 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош е донесена ученичка од с. Орашје, која била повредена со тврд предмет. Веднаш било постапено во однос на пријавата при што било констатирано дека се работи за 11-годишна малолетничка од с.Орашје, која при излегување од основното училиште во с.Одри, била физички нападната од нејзин соученик од с.Одри, кој, според пријавеното, користел и тврд предмет. За настанот бил известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден, СВР Тетово регистрира и физички напад. Имено, во 17.10 часот во СВР Тетово 33-годишничка од Тетово, пријавила дека околу 14.30 часот на улица ,,Видоје Смилевски Бато“ во Тетово, во близина на мостот на Реката, била физички нападната од 50-годишник од Тетово.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top