Од Општина Тетово со известување дека сите јавни активности кои биле планирани за оваа недела, ќе бидат одложени за следната, заради трагедијата која се случи во Кочани и прогласените 7 денови на жалост.
-Во знак на почит и солидарност со семејствата на загинатите во тешката трагедија во Кочани, Општина Тетово одлучи сите јавни активности планирани за оваа недела, да се одложат за следната недела – стои во соопштението на Општината.
Во текот на вчерашната вечер, голем број граѓани на Тетово се собраа на градскиот плоштад да оддадат почит на жртвите од трагедијата. Запалија свеќи и положија цвеќе во спомен на настраданите.