Општина Тетово повикува на јавна дебата за предлогот за имиња на улиците

Сподели:

Во петок, со почеток во 15:00 часот ја организираме првата јавна дебата за Предлогот за имиња на патишта. Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации, граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именувањето на патиштата – ова го објави Општина Тетово на својата официјална „Фејсбук“ страница.

Од таму велат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде сеопфатен и успешен за граѓаните и градот Тетово. Заедно, отворено, диктираме и даваме предлози на транспарентен начин! – порачуваат од Општината.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top