ОСМУ „Никола Штејн“ – Тетово: „Зборуваме на различни јазици, но сите плачеме исто“

Сподели:

Од Општинското средно медицинско училиште „Никола Штејн“ – Тетово, со трогателно оддавање почит на настраданите во трагедијата во Кочани.

Под слоганот „Зборуваме на различни јазици, но сите плачеме исто“, пред влезот на училиштето оддадоа почит во помен на големиот број жртви кои настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Според последните информации од министерот за здравство Арбен Таравари вкупно 84 пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во болниците во Скопје, а 51 повреден се пратени во странство. Според него, пациентите се генерално во стабилна состојба. Досега е извршена обдукција на 15 лица.

На плоштадот во Тетово, денес оддадоа почит и градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами и советниците, како и дел од средношколците од Тетово. За вечерва се најавува собир исто така на плоштадот во Тетово, во 18 часот.

За да го видите целосното видео од учениците од ОСМУ „Никола Штејн“, кликнете на овој линк.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top