Повреден планинар на локација меѓу Македонија и Косово – детали од билтенот на СВР Тетово

Сподели:

Група планинари од Република Чешка на локација помеѓу Македонија и Косово, побарале помош, бидејќи еден од нив имал повреда на ногата, информираат од СВР Тетово.

Ова се деталите:

-На 26.02.2025 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека група планинари од Чешка Република, кои се наоѓаат на планината на локација помеѓу Р.С.Македонија и Р.Косово, бараат помош затоа што еден од нив бил повреден на ногата. Веднаш било постапено по пријавата и била испратена екипа за спасување со ратрак и во 18.10 часот лицата биле пронајдени и вратени во Попова Шапка, од каде што повредениот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар Тетово за укажување лекарска помош – се вели во соопштението на Секторот за внатрешни работи Тетово.

Од таму информираат и за приведен 35-годишник од Кавадарци, кој бил лишен од слобода во тетовска Брвеница, бидејќи бил баран со потерница.

-На 26.02.2025 во 19.20 часот во с.Брвeница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово и Полициската станица Гостивар го привеле Х.В.(35) од Кавадарци. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 и „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната – информираат од СВР Тетово.

Додаваат дека во текот на вчерашниот ден во 13.25 часот на улица ,,Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар привеле 41-годишник од Гостивар, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Ноќеска во 01.00 часот во СВР Тетово, 44-годишник од с.Гајре, тетовско, пријавил дека на локален пат Тетово – Попова Шапка, во с.Гајре, бил опожарен четирицикл со германски национални ознаки, сопственост на 25-годишник од с.Гајре, кој бил товарен на паркирана приколка. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид на местото извршила екипа при СВР Тетово, стои во билтенот.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top