Велигденскиот пост е најдолгиот и најстрогиот пост во православното христијанство, кој трае 40 дена, плус Страсната седмица.
Тој претставува период на духовна и телесна подготовка за најголемиот христијански празник – Воскресението Христово. Постот не е само воздржување од одредена храна, туку и време за молитва, покајание и добри дела. Преку воздржување и духовно усовршување, верниците го следат примерот на Христос, кој постел 40 дена во пустината.
Со оглед на тоа дека постот трае 7 недели, во продолжение ви нудиме неколку рецепти кои може да ги испробате доколку немате идеја што да подготвите како оброк:
Посна чорба од леќа
Потребни состојки:
• 1 чаша леќа
• 1 главица кромид
• 2 чешниња лук
• 1 морков
• 1 компир
• 1 домат (или 1 лажица доматно пире)
• 1 ловоров лист
• маслиново масло, сол, црн пипер, црвен пипер

Подготовка:
-Исечкајте го кромидот, лукот, морковот и компирот. Пропржиете ги на малку масло, па додајте ја леќата и налејте вода. Додајте домат, зачините и варете околу 30-40 минути, додека леќата омекне.
Посни полнети пиперки со ориз и зеленчук
Потребни состојки:
• 6 пиперки
• 1 шолја ориз
• 1 главица кромид
• 1 морков
• 1 тиквичка (по желба)
• 2 домати (или 1 шолја доматен сок)
• маслиново масло, сол, црн пипер, магдонос

Подготовка:
-Исечкајте го кромидот, морковот и тиквичката и пропржи ги на масло. Додајте го оризот, доматниот сок и зачините, па динстајте неколку минути. Наполнете ги пиперките со смесата, наредете ги во тава и налејте малку вода. Печете на 180°C околу 40 минути.
Посна мусака со компири и печурки
Потребни состојки:
• 5 компири
• 300 грама печурки
• 1 главица кромид
• 2 моркови
• 2 домати (или доматен сок)
• маслиново масло, сол, црн пипер, оригано

Подготовка:
-Исечкајте ги печурките, кромидот и морковите, па запржете ги на малку масло. Додајте доматен сос и зачини. Исечете ги компирите на тенки кругови. Во тава редете еден ред компири, па ред од филот, и повторете неколку пати. Печете на 200°C околу 40 минути.
Посни медени колачиња
Потребни состојки:
• 2 чаши брашно
• ½ чаша шеќер
• ½ чаша мед
• ½ чаша сок од портокал
• 1 лажичка сода бикарбона
• ½ чаша масло
• цимет и ванила

Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во сад додека не добиете меко тесто. Формирајте колачиња и редете ги на хартија за печење. Печете на 180°C околу 15-20 минути.
На здравје!