Билтенот на СВР Тетово регистрира два пожари во изминатото деноноќие.
Еден во плевна, а друг на паркинг на фирма, каде што биле запалени три паркирани товарни возила. Ова се деталите:
-На 08.02.2025 година во 17.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во плевна сопственост на жител од с.Желино. Нема повредени, а пожарот бил изгаснат од екипа Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа од СВР Тетово. На 08.02.2025 во 23.30 часот пак, во СВР Тетово било пријавено дека на паркинг на фирма на регионалниот пат Тетово – Скопје, кај индустриската зона во с.Желино, тетовско, настанал пожар на три паркирани товарни возила. Нема повредени лица, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот бил изгаснат – информираат од СВР Тетово.
Од таму известуваат и за приведен 44-годишник од село Доброште, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Приведен е и 24-годишник од Тетово, бидејќи физичко го нападнал неговиот 27-годишен брат. За него имало претходна пријава, дека физичкиот напад се случил во семејниот дом. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Ова се и останатите случаи од билтенот:
-На 08.02.2025 во 19.00 часот на улица „Косовска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово привеле 55-годишник од Тетово, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. Денеска пак, околу 02.30 часот на улица „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле 24-годишник од Гостивар, затоа што се однесувал агресивно кон нив додека извршувале службени дејствија. Ова утро, во 04.50 часот на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле 26-годишник од Гостивар, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По целосно документирање на случајот, за приведените ќе следува соодветен поднесок – се вели во соопштението ан СВР Тетово.