Во 2013 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја одобрила прокламацијата на УНЕСКО за Светски ден на радиото да биде прогласен 13 февруари.
На овој ден се слави радиото како медиум кој образува, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури. Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото, да се поттикнат носителите на одлуки да воспостават и да обезбедат пристап до информации преку радиото, како и да се зајакне вмрежувањето и меѓунарорната соработка меѓу радиодифузерите. Радиото, како универзален медиум кој досега до различни заедници и маргинализирани групи, нудејќи притоа забава, едукација, користење на правото на слобода на изразување, јавни дебати, е составен дел од секојдневието на многумина. Милијарди луѓе од целиот свет и натаму секојдневно се приклучуваат на радио, а тоа и натаму го држи приматот како најбројна и најголема медиумска платформа.
Вака стои во описот на „Википедија“ за 13 февруари, како Светски ден на радиото. Но, за нас, секој ден е ден на радиото. Дружба која изобилува со позитивна енергија, која ни го разубавува денот и ни помага низ смеа да се справиме со секојдневните предизвици. Плус форте радио на сите „фортаџии“, им го честита 13-ти февруари, бидејќи без ВАС, нема да не има ниту нас. Ви благодариме од срце! Да живее радиото!

Ја и Веле од Берлин ви го честитаме меѓународниот ден на радиото со желби да опстоите уште многу генерации по нас.
Воедно ја користиме можноста да ве поздравиме сите во радиото и сите слушатели на најдоброто радио во МК и регионот.