28-годишник од тетовско село е приведен, откако претходно бил пријавен дека физичко го нападнал неговиот татко во работилницата каде што работел. При нападот, тој употребил и стаклен предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово. Од таму додаваат дека 28-годишникот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
СВР Тетово информира и дека во текот на вчерашниот ден, било пријавено дека во с.Брвеница, тетовско, при извршување на градежни работи со работна машина багер, 52-годишник од с.Брвеница, при свртување со корпата удрил патничко возило „мини купер“ со тетовски регистарски таблички, управувано од 26-годишник од с.Брвеница.
-Притоа, со телесни повреди се здобила 25-годишната сопатничка во возилото од с.Брвеница, констатирани во Клиничка Болница во Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово – се вели во соопштението на СВР Тетово.