Сојуз на борци – Тетово: Македонското знаме не треба да се истакне само затоа што некој ќе ја критикува општината и градоначалникот

Сподели:

Од Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи со реакција за како што велат игнорирањето на државните празници од страна на Општина Тетово, градоначалникот Касами и јавните служби.

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

-Вчера во градот Тетово немаше поставено македонски државни знамиња согласно Закон. Отсуствуваше повторно и градоначалникот на Општина Тетово на централната градска свеченост за празникот 11 Октомври- Ден на народното востание на платото пред споменикот на револуцијата, на кој беше уредно поканет. За односот на континуирано девалвирање и омаловажување на македонската нација биде поголем и да боде посилно во очите на граѓаните, по почнувањето и за време на одбележувањето на празникот работници на ЈКП Тетово поставуваа знаме на канделабра на булеварот „Маршал Тито” спроти споменикот.

Фотографија од тоа знаме Општина Тетово објавила и на своите профили на социјалните медиуми. Ова не е соодветен однос кон државата и кон државноста. Македонското знаме не треба да се истакне само затоа што мора и поради тоа што некој ќе се буни и ќе ја критикува општината и градоначалникот. Потребен е сосем подруг однос на почит и кон знамето и кон граѓаните. Доколку на Општина Тетово и на градоначалникот Касами не им е јасно што значи тоа, нека се потсетат што се прават кога го слават денот на албанската азбука или денот на албанското знаме, денови кои воопшто не се државни празници во Македонија.
Потсетуваме дека ширум градовите низ Македонија токму општините ги организираат чествувањата на државните празници, а во Тетово поради односот на Општината, Сојузот на борците со години со своите скромни можности се труди да го надополни истото. Исто така, упатуваме порака и до сите учесници кандидати на локалните избори: вака веќе не може! Ова општество мора да се развива потпрено на меѓусебна почит на граѓаните и заедничка почит кон македонската држава – се вели во нивното соопштение.

На официјалната „Фејсбук“ страница на Општината, пак, беше објавена честитка за празникот со поставени знамиња во 10 часот и 34 минути.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top