Честитка за Новата година и Божиќните празници од Боце и Маја

Сподели:

По што ќе ја памтимо 2025 година ја и Боце?

Прво, памтимо од туе до туе, ка рибата Дори, забраамо што смо рекле одма од кој ќе речемо нешто – што значи, слабо создавамо спомени за памтење.

Ипак, една од најважните работе е што напраевмо веб страница, туку речи платформа кј што ќе може да сподељуемо информације со вас, убаај вести и нормално место кде што ќе може да не слушате у било кое време, па и кој ќе ви зафали да не чуете да можете да си ги пуштате емисијете од цела недеља на сајт. За тија што са обожаватели на народњаци како новопечениот народњак, нашиот драг друг Боце, има канал наречен „Бекрија“, на кој што сигурни смо дека се ужива у добра народна и кафанска музика и нормално, се зголемуе у голема количина консумацијата на жуќкаста текуќина и останати божанствени нектари.

Годинава се донесе и одлука, да се започне со нешто ново за кое ќе бидете полека полека запознаени у следниве дноој, малу по малу ќе се обидемо да га трансформирамо малу работава – уствари да бидемо помодерни. Еве ја, алтернативната Маја ќе покушам тоа да го спроведем на дело. Све тоа у сврха на ваше задоволство, забава, информираност, промоција, анимирање.

И сеа иако смо забраени со Боцета, никако не можемо да забраемо колку љубов добијамо од слушателите сваки Божји дн. Толку позитивна енергија, толку почит и исполнета година со убаај збороој, смешке и дружење, веруемо дека не може да се забрае.

За оваја што заминуе има многу да се збори можда и у негативна смисла, зош не се забрава и фактот дека појќето од нас живимо у Тетово – градот на чудата, ама одлучуемо да не ги потенцирамо сеа негативните ствари и да се фокусирамо само на убаајте. За свите вас едно огромно ФАЛА – и ВИЕ домашните и ВИЕ исто наши домашни што сте ни низ цел свет, без ВАС ништо од ова нема да постои, за ВАС се трудимо да бидемо расположени сваки дн и се боримо со свите предизвици што ги носи оваја работа.

Плус форте радио не е само радио, Плус форте е една гоооолема фамилија, домаќинска, сложна, пуна со љубов. Новата година нека биде милостива према свите, никој да не фали, да имамо и да собирамо паре за нови проекти, за развој, за промоција на убаај вредности, а не за болести на деца и убаај људи. Мирот да биде у вас свекоаш, кј и да сте, а Плус форте радио да продужи да живи, сега, секогаш и во вечни векови, АМИН!

Среќна Нова 2026 година пријатели!

Боце и Маја Ви посакуа топли и мирни празници.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top