Јасмина Ѓорѓеска е родена во Тетово во 1977 год. Средното музичко образование го завршува во музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.
Дипломира музичка теорија и педагогија и хорско диригирање во класата на доајенот на хорската уметност во Македонија, професор Драган Шуплевски на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 1999 година. Подоцна, во 2006 година на истиот факултет магистрира хорско диригирање во класата на најистакнатиот македонски оркестарски диригент проф. Саша Николовски-Ѓумар.
Работното искуство го стекнува прво како наставник по пијано, во 1999 година, во О.М.У. Тетово. Од 2003 – 2004 година е професор по хор, хорско диригирање, теорија на музика во средно музичко училиште во Тетово. Од 2003 – 2006 година работи како демонстратор на Ф.М.У. Скопје по предметите: хор, хорско диригирање, свирење хорски партитури. Од 2007 – 2008 е професор по теорија на музика, музички форми, музички фолклор, солфеж во средното музичко училиште во Тетово. Од 2008 па до денес работи како диригент на хорот при Македонската опера и балет.
По дипломирањето работи со различни хорови: детски, младински и мешани. Во моментов е диригент на Академскиот хор „Мирче Ацев“ и Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје. Со двата хора добива многу награди на домашни и меѓународни хорски фестивали.
Од 2008 година работејки во Македонската опера и балет како хор мајстор, нејзините работни обврски се спроведување проби, подготовка на хорските делови на оперите, аудиција и регрутирање на нови членови, избор на соло пејачи и избор на придружници. Основна задача е да ги инспирира и да ги води хористите во изведување креативни изведби.
За време на 25 годишната кариера остварува голем број на премиерни оперски изведби. Како хор мајстор има подготвено повеќе од 40 опери (обнови, праизведби): Кармен, Боеми, Турандот, Набуко, Љубовен напито, Веселата вдовица, Мадам Батрефлај, Тоска, Орфеј, Симон Боканегра, Магбет, Паљачи, Змејовата невеста, Евгенија Онегин, Хофманови приказни, Скендер бег, Лидија од Македонија, Помеѓу соништа и летови и др.
Како хор мајстор учествува со МОБ на интернационални и домашни фестивали во Бангкок , Тајланд (Дон, Џовани и Боеми), во Сараево БиХ (Кармина Бурана) , Софија , Бугарија (Набуко), Охридско лето, Скопско лето, Денови на Македонска музика, Есенски музички свечености и други. Освен опери со оперскиот хор поготвува и капитални вокално-инструментални дела од светската и домашна класична музика (Стабат Матер- Перголези , Реквием-Моцарт, Кармина Бурана- Карл Орф, Глориа – Вивалди, Ораториум -Фатос Љумани, 9-та симфонија Бетовен, балетот Клеопатра и други).
Работејќи со членовите на Академскиот хор „Мирче Ацев“ и Градскиот мешан хор „Вардар“ и останатите хорски ансамбли, ја негува хорската а капела музичка традиција со широка палета на композиции од различни временски епохи, стилови и жанрови, каде посебно место заземаат композициите од македонското музичко творештво. Со овие хорови и хорски ентузијасти изведува и вокално-инструментални дела: Пасии по Матеј- Бах, Миса Криола – Ариел Рамирез , Балтепе – Скаловски , Псалм Буртница- Валтс Путзе , мјузиклите Фантомски приказни и Мама миа.
За својот професионален развој посетува мастер часови за диригенти во Загреб, Хрватска (2014), Париз, Франција (2016), Барселона (2017) Талин, Естонија (2018) и Хелсингборг, Шведска ( 2019), Љубљана, Словенија(2021), Фиренца, Италија, (2022), Истанбул, Турција (2023), Краков, Полска (2024).
Достигнувања:
- Прва награда на хорскиот фестивал „Астибо фест“ во Штип со хорот Мирче Ацев, октомври 2024 год.
- Прва награда на Светскиот мировен хорски фестивал во Виена, Австрија, и награда за најдобра изведба на европски класици со хорот Мирче Ацев, јули 2024 год.
- Прва награда на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, Република Српска, БиХ, со хорот Вардар, мај 2024 год.
- Прва награда на Меѓународниот фестивал „Музика и море“ во Паралија, Грција, со Академскиот хор Мирче Ацев, септември 2023 год.
- Втора награда на Меѓународниот фестивал „Музика и море“ во Паралија, Грција, со хорот Вардар, септември 2023 год.
- Учество на меѓународниот хорски фестивал „Драган Шуплевски“ во Скопје, август 2023 и 2024 год.
- Златна медаља на Интернационалниот хорски фестивал „Мелодијанум“ во Кикинда, Србија, 2021 год.
- Златна диплома на Меѓународниот хорски фестивал „Мајски музички свечености“ во Бијељина, БиХ (online) со хорот Вардар, мај 2021 год.
- Златна диплома на Меѓународниот хорски фестивал во Кишињев, Молдавија (online) со хорот Вардар, октомври 2020 год.
- Награда за најдобро изведена композиција од македонски автор на Денови на Мокрањац, интернационален хорски фестивал во Неготин, Србија, со хорот Вардар, септември 2019 год.
- Учество на интернационалниот фестивал „Скопје синг“ во Скопје со хорот Вардар, август 2019 год.
- Второ место на интернационалниот хорски фестивал во Јаши, Романија, со Академскиот хор Мирче Ацев, јули 2019 год.
- Целовечерен концерт на 40-тиот интернационален хорски фестивал „Cant Coral Catalunya“ во Кастабел, Шпанија, со Академскиот хор Мирче Ацев, јули 2019 год.
- Златна плакета на 11-тиот интернационален хорски фестивал „A RUGINIT FRUNZA VII“ во Кишињев, Молдавија, со Академскиот хор Мирче Ацев, 2018 год.
- Награда од 27-от Интернационален хорски фестивал „Нишки хорски свечености“ за најдобра изведба на композиција од македонски автор со Академскиот хор „Мирче Ацев“ („Македонска хумореска“ од Тодор Скалоски), 2018 год.
- Плакета од 120-годишниот јубилеј на хорот „Родни звуци“ од Шумен, Бугарија, со хорот Вардар, 2018 год.
- Прво, второ и трето место во три категории на фестивалот „Хармони“ во Германија, 2017 год., со хорот Мирче Ацев.
- Награда за најдобро изведена композиција од македонски автор на натпреварот во Приједор, Република Српска, 2017 год., со хорот Вардар.
- Трето место на меѓународниот фестивал во Паралија, Грција, 2017 год., со хорот Вардар.
- Награда од „Нишките хорски свечености“ за најдобар млад перспективен диригент со Академскиот хор Мирче Ацев, 2016 год. Награда за најдобар избор на програма со Академскиот хор Мирче Ацев, 2016 год.





Професионално искуство:
- 1999 – 2002 Г.Д.Х. „Лале“, Г.Ж.Х. „Менада“
- 2002 – 2004 Мешан Камерен Хор при Домот на култура воТетово
- 2003 – 2004 Машки камерен хор при Домот на култура воТетово
- 2004 – Мешан Камерен Хор „Хераклеа“ – Скопје
- 1999 – 2003 Наставник по пијано во О.М.У. Тетово
- 2003 – 2004 Професор по хор, хорско диригирање, теорија на музика во средно музичко училиште во Тетово
- 2003 – 2006 Демонстратор на Ф.М.У. Скопје по предметите : хор, хорско диригирање, свирење хорски партитури
- 2007 – 2008 Професор по теорија на музика, музички форми, музичкифолклор, солфеж во средното музичко училиште во Тетово
- 2008 – Диригент на хорот при Македонската опера и балет
- 2012 – Диригент на ГМХ „Вардар“ –Скопје
- 2014 -Диригент на Академскиот хор „МирчеАцев“-Скопје
- 2014- Учество на конференција за диригенти Арсхоралис, Загреб, Хрватска
- 2016- Учество на Академијата за диригенти, Париз, Франција
- 2017- Учество на Академија „Капричио францес“, Барселона, Шпанија
- 2018- Учество на работилница за диригенти „Еуропа Кантат“, Талин, Естонија
- 2019- Учество на работилница за диригенти „Еуропа Кантат“- Хелсингборг, Шведска
- 2021 – Учество на фестивалот за диригенти „Еуропа Кантат“- Љубљана,Словенија 2022 год.
- Учество на Хорски форум , мастер класовите за диригенти во Струга , 2022
- 2022 – Италијанска опера- работилница за диригенти, Фиренца, Италија,
- 2023- Учество на работилница за диригенти, Истанбул, Турција
- 2024- Учество на работилница за византиско пеење, Краков, Полска.