„Вешта жена“ ќе ја одбележи Василица со традиционално чукање камбани и делење пити со паричка

Сподели:

Од здружението „Вешта жена“ и годинава со традиционалното одбележување на празникот Василица.

Имено, од здружението информираат дека со благослов на Владиката Јосиф, во чест на Православна Нова година, Василица, на 14 јануари (среда), во 12 часот, ќе чукаат камбаните во 9 православни цркви во Тетово и тетовско.

Од здружението ќе поделат и пити со паричка, а сите верници ги покануваат до најблиската црква во голем број, за да бидат дел од веќе петгодишното одбележување на Православната Нова година, велат од „Вешта Жена“.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top