Глигор Кондовски е роден во 1980 година. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност како професионален виолинист во Скопје, Македонија. Завршил и Факултет за драмски уметности (филмска и ТВ режија) во Тетово, Македонија и е магистер по филмско и ТВ сценарио на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Македонија.
Работи како професор по виолина во Државното музичко училиште ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ во Тетово, Македонија.
Покрај успешната педагошка работа како наставник, создал шест албуми со амбиентална музика: „Crumbly Secret, 2008“, „Flown Letters, 2012“, „Aound the bend, 2019“, „Here“, 2020, „Beseda“, 2020 и „ Hover“, 2021.
Во 2008 година една од неговите музички композиции „Green dance“ беше на компилациско ЦД, “Imamo dobro glasbo” во Словенија, изработено од „RADIO V AL202 – RTV SLOVENIA“.
Во 2009 година, со краткиот филм „Досадно момче“ беше на Државен фестивал во Македонија. Во 2012 година, со краткиот филм „Никогаш не знаев“ беше дел од фестивалот „Микроарт“ во Белград, Србија. Во 2014 година со Експерименталниот краток филм „Рестарт“ повторно беше на фестивалот „Микроарт“ во Белград, Србија.
Во 2016 година со документарниот филм „Постојам“ беше на Меѓународниот филмски фестивал во Славонски Брод, Хрватска, во 2016 година на Независното европско кино во Нови Сад, Србија, а во 2017 година со истиот филм беше на Студентскиот филмски фестивал „Нов бран“ во Софија, Бугарија.
Во 2019 година, со филмот „Попладневни малини“ беше на Државниот филмски фестивал во Крушево, Македонија, на меѓународниот филмски фестивал „Иншорт“ во Нигерија, „Ашорт филмски фестивал“ во Индија и „Вива фестивал“ во Сараево, Босна и Херцеговина.
Со документарниот филм „Јас само ќе пеам“ освои Гран при на Државниот филмски фестивал и со истиот филм учествуваше во Филмскиот фестивал во Канада и Италија.
Кондовски поставил три самостојни фотографски изложби: „Обичен профил“ 2018 во Смедеревска Паланка, Србија, „Тетовски џез моменти“ 2019 година, „На сцена“, 2020 година, „Сфера“, 2021 година, во Македонија.
Има и три музички албуми во соработка со џез-музичарот и тромбонист Владан Дробицки и пејачката Марија Каева, за „PMGJAZZ“: „Nightscape“, 2021; „Разгледи“, 2022 година и во соработка со Дени Омерагиќ – контрабас, албумот: „Away“, во 2022 година и „Outcasts“.
Учествувал на џез фестивалот: „Крај Вардарот Џез“ во Скопје и Фестивалот „Скопско лето“, 2023 година.
Во продолжение погледнете дел од богатиот опус на тетовецот Глигор Кондовски.






Слушнете го и настапот на Кондовски на „Скопско лето“, 2023 година.
Неговиот албум „Hover“ е исто така во целост достапен на платформата „ЈуТјуб“.
Неговиот последен албум „Floating Steps“, Глигор Кондовски го посветува на патешествијата на мигрантите. Овие композиции се мали приказни за луѓе кои се принудени да ги напуштат своите домови, во потрага по пристоен живот. Албумот можете да го преслушате на овој линк или за корисниците на „Спотифај“ тука.