Запалени свеќи на градскиот плоштад во спомен на настраданите во Кочани

Сподели:

Запалени свеќи и молк.

Голема група на граѓани вечерва се упати кон градскиот плоштад во центарот на Тетово да запали свеќи во спомен на настраданите во големата трагедија која се случи во Кочани.

Граѓани од сите возрасти оддадоа почит на загинатите и искажаа солидарност кон граѓаните на Кочани. И покрај дождливото време, плоштадот беше полн, но сепак тивок. Целта беше да се сподели болката со семејствата на загинатите во големата трагедија која и се случи на Македонија.

На социјалните мрежи се шири повик и за собири во текот на утрешниот ден во сите градови во државата, во 18 часот, а се најавува и собир во главниот град – Скопје, во организација на здружението „Кој е следен“.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top