Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, семејствата се приготвуваат за соодветно одбележување на празникот.
Како голем дел од одбележувањето е украсувањето на Велигденските јајца. Голем број верници се задржуваат на традициите и бојадисуваат претежно црвени јајца, но во денешно време, со развојот на технологијата, достапни ни се низа упатства и креативни решенија за интересни и уникатни изгледи на Велигденските јајца.
Во прилог Ви нудиме неколку видеа, во кои се презентирани мноштво идеи за украсување, кои можете да ги примените и да уживате во процесот на изработка.