Изложба на ретро стари возила во Тетово на 25 мај

Сподели:

Љубители на старите автомобили – подгответе се за вистинско патување низ времето! „Ретро клуб Тетово“ Ве поканува на уникатна изложба на стари возила, што ќе се одржи во недела, на 25 мај, на отворениот паркинг кај ресторан Елита (позади противпожарната станица во Тетово).

Изложбата ќе биде отворена од 10 до 17 часот.

Очекувајте ретро класици, внимателно зачувани олдтајмери, уникатни возила и дружење со ентузијасти кои ја негуваат автомобилската традицијата. Настанот е отворен за сите генерации и заинтересирани граѓани.

Не пропуштајте шанса да го посведочите овој редок и интересен настан.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top