Измамена 37-годишна жена од Тетово – детали од билтенот на СВР Тетово

Сподели:

37-годишна жена од Тетово пријавила измама, инфомираат од СВР Тетово.

Имено, таа пријавила дека била измамена од 30-годишник од Тетово, за сума од 1.400 евра.

-Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа од лицето нарачала мебел во вредност од 5.000 евра за што дала капар од 1.400 евра. Од тогаш до пријавувањето, мебелот не ѝ бил донесен, не ѝ биле вратени парите, а лицето не одговарало и на телефонските повици, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од СВР Тетово.

Ова се останатите детали од билтенот на Секторот за внатрешни работи Тетово:

-На 10.02.2025 во 15.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле 55-годишник од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Вчера, исто така, во 17.40 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 57-годишник од Гостивар, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 11.02.2025, во 00.10 часот во ОВР Гостивар, 35-годишник од с.Равен, гостиварско, пријавил дека претходниот ден околу 23.00 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар било одземено неговото патничко возило „фолксваген поло“ со гостиварски регистарски таблички, кое било оставено отклучено и со клуч на брава. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото.

СВР Тетово информира и дека во текот на вчерашниот ден, во 13.15 часот во ОВР Гостивар, 73-годишник од Гостивар, пријавил дека на улица „101“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top