Вкусот на сладолед што го избирате, може да каже многу повеќе за вас отколку што мислите. Дали сте спонтан авантурист, вечен сонувач или смирен реалист?
Од класична ванила до егзотично манго – секој избор крие делче од вашата личност. Одговорете на неколку забавни прашања и дознајте што велат вкусовите за вас!
- Кој е твојот омилен вкус на сладолед?
а) Ванила
б) Чоколадо
в) Јагода
г) Ф’стаци
д) Карамела
ѓ) Лимон
е) Мешано (сè што има да се понуди)
- Кога јадеш сладолед, ти си…
а) Смирен/а и уживаш во секој залак
б) Го јадеш пребрзо – не можеш да чекаш
в) Сакаш да го комбинираш со нешто друго – колачи, чоколадо
г) Секогаш го пробуваш новиот вкус
д) Споделуваш со другите (ако мораш 😅)
- Кој е твојот идеален летен ден?
а) На плажа со книга и ладен пијалок
б) На журка со друштво и гласна музика
в) На планина, во природа
г) Истражување градови и пробување храна
д) Во двор со луѓето што ги сакаш
Резултати: Каква личност си?
Најмногу одговори А – Ванила личност
Ти си класика што никогаш не излегува од мода. Луѓето те ценат поради твојата искреност и топлина. Не сакаш премногу драми – вреднуваш стабилност и мир.
Најмногу одговори Б – Чоколадна душа
Ти си енергичен/на, страствен/на и секогаш во движење. Знаеш да внесеш возбуда каде и да се појавиш. Малку си тврдоглав/а – ама простено е, чоколадото секогаш победува.
Најмногу одговори В – Јагодест романтичар
Сензитивна, креативна личност и понекогаш во облаци. Сакаш убава атмосфера и мали гестови на внимание. Твоето срце знае да сака – ама и да сонува.
Најмногу одговори Г – Ф’стаци филозоф
Уникатен/на, интроспективен/на и со специфичен вкус за животот. Не си како сите други, и баш затоа си фасцинантен/на. Луѓето ти се восхитуваат – дури и кога не признаваат.

Најмногу одговори Д – Карамела душичка
Топол/а, дарежлив/а и лојален/на пријател/ка. Луѓето се чувствуваат удобно со тебе. Зрачиш со добрина и секогаш знаеш како да утешиш некого.
Најмногу одговори Ѓ – Лимон авантурист
Сакаш предизвици, нови искуства и живееш со полни гради! Енергичен/на си и не се плашиш да го покажеш својот став. Малку си „закиселен/а“ понекогаш, но токму тоа те прави свеж/а!
Најмногу одговори Е – Сестрана личност
Ти си шаренолик/а, спонтан/на и секогаш подготвен/а за нешто ново! Луѓето не знаат што да очекуваат од тебе – и токму затоа те обожаваат. Секој ден со тебе е нова приказна.