Колумна на Бошко Видоески: Колку ни је тужно Тетоо?

Сподели:

Маја Перац ме покануе пред некој месец да пишем некој лаф за порталов на Плус Форте. Фала ѝ на честа. И нормално, немукает, денеска-утре, „чек имам некој обавезе, ќе биде“, и еве ме конечно. Ѝ се извинив што касним.

Нејсе. Ме кани, ми вика „архитект си, пиши за градов што сакаш, слобода целосна имаш“. Уф, муќе. Најтешко је да пишуеш ка немаш тема. Па си мислим, што да пишем, а да биде нешто што тетовчани не го знаа?

И ми текнуе на една сторија од чичко Зоран Андонов, кој поттикнат од еден мој стручен текст за урбанистичково (не)планирање у Тетоо, објавен у „Порта 3“, ме покани да пишем некој лаф пред 4-5 године за „sdk.mk“. Викам „дан забегам многу, дај ми барем прашања, ја ќе ти ги одговорим, па ти срочи ги у текст, изјава, интервју, како мислиш“. Речено-сторено. Прашања дадени – прашања одговорени. Иде текстот„у етер“, и чичко Зоки, мајстор на пишаниот збор, го ваѓа со наслов „Тетово е единствен град без пешачка зона“.

Насловот го извадил од еден дел од моите одговори таму, кој вика ваќе: „Не можеме да зборуваме за градско живеење ако на Тетово му недостасуваат градски рекреативни зони, спортски терени, игралишта, градски патеки за рекреативно трчање, паркови со реквизити за деца, паркови за миленици. Освен тоа, Тетово е можеби и единствен град во светот во кој не постои пешачка зона или барем една пешачка улица, корзо“. Го извлекол на генијален начин најударното. Го турил за наслов. Генијален наслов. Ама толку тужен.

И еве уз низа обавезе периодов, а цело време мислејќи се што да напишем за Плус Форте за да га испочитуем Маја, а и Боце – притоа у желба да прочитате нешто фино, па и квалитетно – дур успут у глава свекоаш последниве године ми ѕвони насловот од чичко Зоки Андонов ка ќе ме прашаа за Тетоо, си викам, па заш да не почнем б’ш со тоа – немањето пешачка улица? Па ако испадне текстов д’лг и га отупем- га отупем, је*ига, тетовчани ќе ме разбера. А и голем дел више ме препознаваа ка некој што не знае да се објасни на кратко. Нека је и подолг текст.

Да се вратим на темата: не дека тетовчани не знаа дека немамо пешачка зона, ама многу посилно ѕвони у глава ка ќе го прочиташ негде, или ка ќе ти го каже некој тоа од страна, ка ќе ти го тури под нос.

Колку треба да је поразен еден град, за да нема ни пешачка улица?

Низ поновата историја, од Втората светска војна нааму, лично не сум чул дека у Тетоо постоела класична „корзо“ пешачка улица или пешачка зона наменета за шетање, освен еве плоштадот. Улицата што иде од него према Масларсќи пазар, а еден период и почетокот на улицата „Борис Кидрич“ (меѓу Домот на културата „Иљо Антески-Смок“ и Поштата, на потегот од булевар „Илинденска“ до ширинката пред Дом на АРМ) дур беше пешачка, не знам дали да ги броем како такви – пешачки у смисла да бида бʼш чаршија, корзо според современи стандарди. Нека ме попрае некој поупутен ако имало таква улица порано. Се сеќаам дека еден период непосредно пред ратот у 2001, га затвораја навечер „Јане Сандански“ од „Лименка“ па све до кафе бар „Имиџ“, зош вриеше народ млади за викенди, па привремено имавмо такво корзо со кафиќи, слаткаре, сендвичаре, туе беа „Рима“, „Еми“, „Маестро“, „Египет“, „Имиџ“, б’ш пешачка улица. Ама привремено, со полициско комбе затворена дур траа ударните саати навечер у петок и субота.

И толку ми је тужна темава, да немам како да поентирам со глупаава фактографија околу отсуството на пешачка улица или пешачка зона у Тетоо – само ќе повторим дека мора многу да смо тужни ка град чим смо се довеле у таква ситуација – да немамо ни пешачка улица–колете да ни са светиње, а тротоарине ако може ич и да ги нема; за зелени површине не праем муабет – тоа све да се бекатонира, паркинг да стане ако може.

Рука на срце еве општинава лани затвори еден дел од „Радован Цониќ“ у Горна Чаршија, тури калдрма коцка, некое дрвце у саксија и пар клупе, у обид да напрее такво корзо. Ама чуму и кому служи таква улица туе, еве не знам. Нема да га коментирам кореографијата на отворањето, триумфализмот дека је отворено не знам што, а уште помалу колоквијалниот назив кој проструи у јавноста: „Rruga e butiqeve“ – („Улицата на бутиците“). Ама ај, ќе претраем. И ако земемо дека отсуство на пешачка улица је тужна работа, а је релативно решлив проблем зошо треба само „кохонес“ од „таткото“ на градот и спремност да влече такви непопуларни потези со кои ќе затвора улице за колски сообраќај и ќе отежни некому услови за да не може б’ш туе да го дрифта бемвето – тогај други ствари врзани за урбанистичкото планирање и градоградењето на Тетоо не само што са тужни, туку са и катастрофални грешке: далеку потешко решливи од воспоставуење пешачка улица, а дел и практично нерешливи.

Па еве само да нафрлим некоја, на прво место да га спомнем локацијата на новиот театар, тужната позиција на новиот трговски, надживеаната локација на пазарот, ненавременото консолидирање на наследната (од турско) улична мрежа (поготово у Табакана Маало), немањето вистински градски парк, негрижата за возрасни дрвореди и сечење на возрасни дрва, предимензионирани маркице за зграде низ цел град, непотребни нови населбе на локација идеална за градски парк, деградацијата и/или уништуењето на Ајдучко Маало, Блок 70, Блок 54, Блок 82, Чешељ, потези од„Димо Гавровски-Кара“, „Благоја Тоска“, „Борис Кидрич“, деградацијата на Први Парк и паркот пред Музичко,и ред други работе, итн итн. Да не може чуек да ги доброе, а не па тек нашироко да ги елаборира.

Имам на темата околу грешкете на Тетоо пишуено и на социјални мреже, а посебно над’лго и нашироко у текстоој за стручното списание „Порта 3“. Кој је заинтересиран нека ги потражи – да не га тупим овде зош предолго ќе биде писаниево, а со тоа и неатрактивно за современиве стандарди у кои стварно не нѐ држи фокус – знаем по себе. Ако ипак сакате да читате подолго, а ве мрзи да ги потражите сами, пишите ми – ќе ви ги пратим. Дел од вас свекако сигурно ги имате прочитано. Интересно ми беше што два од тија текстоој посветени на Тетоо, пројдоа прилично „возбудливо“, па знаем дека сум подигнал веѓе на одредени особе (дел мои повозрасни колеге – архитекти) кои душеве сигурно нелагодно се осетиле ка им текнало дека плаќаа месечна или годишна членарина, за да им стигне на работа или дома списание у кое таму некој новокомпонован тетовски архитект се праел паметен до тој степен да они мораа да га ишкаа муата од капата, а дел и да са намрштени место да ми реча „здраво“ ка претходно што смо имале. Шо убоо. Ептен се насекирав.

У тија мои претходни пишуења за Тетоо, нема да го сретнете најновион изум со „Борис Кидрич“ или рушењето на Монопол. Ка на лента се дешаваа небулозе овде, не постига чуек да опфати све, нон-стоп само да пишуе, па пак нема да стигне. Греота је само што ни је нормализирано отсуството на јавни добра, и скроз смо навикнати да немамо прав парк, да немамо пешачка улица, да се мучимо за паркинг, да немамо к’ј да се пробиемо со бебето у колицата зош тротоарите са фатени од коле; нормално ни је да газимо у вирчиња, да гоутамо прашина од незаштитени градилишта, да немамо слободни бесплатни терени за фудбал или баскет, да се плашимо дан има некое куче идејќи сабајле накј работа; нормално ни је да ги осакатуа нашине автохтони видоој на возрасни дрва со убаај крошње и да ни сеа неавтохтони глупи пауловније и каталпе; нормални ни са неизмиенине улице, нефасадиранине куќе, ѓубрено, и ред други работе.

Ненормалното ни је нормализирано.

Па после бегале људи. Па фала богу. Има и такви што ако некој им каже дека заминал да живи у странство не ради друго, туку ради тоа што малу је посредено од таков комунален аспект, му се смеа, демек „хаха брат абе до тоа ти дошло, глупости, кој видел аер од тоа“. Чуден некој мајндсет. Не уживамо у придобивке што мора да ги има една урбана средина – ако сака да се нарече таква, ако сака да се рачуна за „град“. И уште почудно што смо први да осудимо ако некој се охрабри да каже дека избегал зош сака бре да живи у ред, у мир, у средено, у фино, у чисто, дека ради тоа отишол, дека не му било до егзистенција, дека едноставно го нејќе хаосов у кој што се родил. И настрана што илјадници светски студије га имаа докажано поврзаноста на здравјето, на среќата, на долгиот живот, на расположението, на релаксираноста б’ш со животот у квалитетна животна средина, каква што не може да се нарече Тетоо. Па после заш смо биле нервозни, љути, агресивни, депримирани. Па каков да биде чуек ка живи у хаос, у безредије, ка не гледа у зеленило од пенџер туку у фасада, бетон, асфалт и бекатон. Какви може да бида у Бангладеш, Пакистан или Индија? Ка у Норвешка? Не.

И нејсе пак. Еве имало у Тетоо и убаај работе, не било све таќе црно. Дел од нив уште ни са туе, ка светли точке у денешново сивило, уште ни са присутни, да нѐ потсета дека некоаш и овде се планирало и градело по светски стандарди. А за да се потсетите, доволно је само да отидете на претстава у Културен навечер, да се упутите од напред према главниот влез фронтално, за да може да поуживате гледајќи го од напред витражот на Димче Протуѓер осветлен од унутра, па да се осетите светски проаѓајќи низ феноменално проектираното фоаје, гледајќи и слушајќи га претставата у големата сала у која нема лоша визура од ниедно седиште, а акустиката је извонредна – у објектот проектиран од големиот Владимир Николоски. Б’ш ми је драго што од пред некој месец имам напишано цел текст посветено б’ш на тој објект, со опсежна урбанистичка, архитектонска и обликовна анализа. Од немукает уште не сум отишол да му го однесем примерокот од списанието на чичко Владимир. Еве арно се потсетив да му го дадем што поскоро. Е у морето неубаај работе, фино је да го препознаемо или да се потсетимо на вредноста на тоа архитектонско ремек-дело. Само таќе би го зачувале од целосна деградација. Свечениот утисак што ви го опишав погоре, ќе беше целосен да имаше државни знамиња на јарболите кои људиве ги забраваа и дека постоја. До туе смо дошле.

Ај барем се надевам дека некои идни поколенија, за едно 50 до 100 године од сега, ќе знаа пубоо од овја наши генерације сега, а поготово од генерацијете кои у 90-тите и раните 2000-ти уште имаја фора да ги сврта работеве у Тетово за да не отида тантуна к’јшто отидоја. Намерно давам подалечна иднина, зошо постои една мантра у урбанизмот, која вика дека слободниот простор дур постои како таков – како слободен, је неповратен ресурс. Може да стане парк, игралиште, може да се зафати со умешно димензиониран и обликуен ненаметлив габарит кој ќе га почитуе околината и толку. А ако го узурпирамо, го преизградимо, го зафатимо, го продадемо, не се враќа како ресурс. Освен со непопуларното рушење. За рушење сега немамо „кохонес“. Овде се руши само за да се гради нешто поголемо на тоа место, за да некој прае паре од тоа. Затоа викам дека ни требаа нови поколенија, нови деца, целосно нови ветришта. Да го сруша тоа што не требало ни да биде туе никоаш, никнато ка канцер, ка паразит. Да наступа школски: да напраа анализа, да документираа, да зема анамнеза, да постава дијагноза, па да почна со лечење, со хемотерапија на градот. Да го излеча, да го постава на ноѓе, да го тура у кондиција за никоаш да не фати канцери. Да планираа и да града попаметно од нас. Да го врата градот на жителите.

А мие сега – мие можемо само да си признаемо пораз. И да преќутимо ако некој ни каже дека избегал од овде зош сакал да живи у ред. Чим може да ќутимо за све друго, можемо да преќутимо и за тоа. И не сакам да забреем да спомнем: конечниот неуспех на една таква фраерска, стручна, издржана, искрена и озбилно изработена иницијатива која со поун ентузијазам и ќејф га почнавмо и работевмо – „Тетово сака парк“, највише збори за свите нас ка жители. Кажуе колку нечинимо. Кажуе и колку не заслужуемо да живимо у ред.

Останите ми со здравје, па да се читамо пак. Фала ви на вниманието.

Бошко Видоески

Сподели:

1 thought on “Колумна на Бошко Видоески: Колку ни је тужно Тетоо?”

  1. Еј Бошко, многу ме испофали а ја само го пренесов она што ти ми го кажа.
    Да знеш ме радува што у градов има млади људи ка тебе што си ја знаат работата и тоа што не чини у лице им го плескаат на овие локалциве од општина.
    Уште еднаш фала на соработката и да продужимо да се боримо за едно поубоо Тетоо!!!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top