Оваа сабота Тетово ќе биде домаќин на Македонскиот мандолински квартет „Стоби“, од Сплит, кој ќе ја почести публиката со изведба на прекрасни македонски и хрватски песни.
Тетово е првиот град во кој квартетот ќе одржи свој концерт, а планирана е турнеја низ Македонија. Веднаш по Тетово, ќе настапат и во Скопје.
Концертот е закажан за 08.11.2025 (сабота), со почеток во 18 часот, во просториите на НУ „Музеј на тетовски крај“ (поранешно Дом на АРМ).
Квартетот има забележано голем број на успешни настапи на натпреварувања и настани низ Хрватска, како и низ Македонија. Влезот на концертот ќе биде слободен.

