Ловечко друштво „Шар Планина“ – Тетово и годинава организира ловечка забава.
Веселбата е закажана за 21 февруари, со почеток во 19 часот. Од ловечкото друштво информираат дека локацијата на забавата ќе биде во ресторанот „Њу Плејс“ во с. Фалише.
Од таму додаваат дека настанот ќе биде збогатен со богата лотарија.


