Неделата попладне речиси секогаш ни го дава она, не баш пријатно чувство.
Тоа е оној момент кога викендот полека заминува, а понеделникот веќе тропа на врата. „Неделен блуз“ е појава која ја чувствуваат илјадници луѓе, без разлика на возраст или професија. Тоа е она специфично чувство на меланхолија, одреден степен на тага, или вознемиреност што се јавува во доцните часови во недела, кога мозокот полека се префрла од „слободен“ во „работен“ режим.
Што всушност е „неделен блуз“?
Психолозите велат дека неделниот блуз е ментална комбинација од исцрпеност по викендот, очекувања од престојната недела и нарушена рутина на спиење. Неретко ни се мешаат мислите – дали ќе стигнеме да завршиме сè? Каква ќе биде работната недела? Дали одморивме доволно? Иако звучи банално, ова чувство е многу често и потполно нормално. Важно е само да знаеме како да го разбиеме.
Како да го победите неделниот блуз?
- Воведете мал ритуал: Нешто што ќе го очекувате со нетрпение секоја недела – кино вечер, топол чај со омилена серија, долга прошетка или дури кратка медитација.
- Планирајте го понеделникот однапред: Кога знаете што ве чека, стресот се намалува. Плус, ако понеделникот ви почне со нешто убаво – омилен доручек или кафе со пријател – неделната анксиозност веднаш слабее.
- Намалете ја дозата на екрани доцна навечер: Премногу зјапање во телефонот и известувањата, создава дополнителна напнатост.
- Музика, музика, музика: Најдобриот лек што го имаме доаѓа од музиката и се разбира, радиото.
Песни што го разбиваат неделниот блуз
Еве мини-плејлиста која може да ви стане ново решение за разбивање на непријатното чувство:
“Lovely Day” – Bill Withers
“Don’t Stop Me Now” – Queen
“Sunday Morning” – Maroon 5
“Here Comes The Sun” – The Beatles
“Good as Hell” – Lizzo
“I Can See Clearly Now” – Jimmy Cliff
Неделниот блуз е нешто што сите го чувствуваме – но со малку рутина, добра мисла и уште подобра музика, може да стане само мала и незначајна сенка во денот. На нашето радио, тука сме токму за тоа – да ви го разубавиме неделното попладне и да ви го разбиеме сивилото со вистински ритам.

