И годинава, жителите на тетовско ќе можат да уживаат во вистински фудбалски спектакл, бидејќи почнувајќи од 22 јуни, ќе се одржува ноќниот турнир во мал фудбал „Ратае 2025“.
Оваа година, организацијата ан турнирот има награден фонд од вкупно 250 илјади денари и тоа:
Првото место носи 140.000 денари, второто 70.000, третото 35.000, а четвртото место 5.000 денари.
Котизацијата за пријава на екипа изнесува 5.000 денари. Рокот за пријавување е 20 јуни 2025, а турнирот започнува на 22 јуни. Контактите за пријавување погледнете ги на сликата (долу).

Не пропуштајте го спортскиот настан што секоја година е се подобро организиран и го посетуваат екипи и луѓе од цела Македонија.