Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, и заменик-градоначалникот Алби Ќамили, заедно со сопственикот на групацијата „Еколог“, Лазим Дестани, ги пречекаа и остварија средба со тројцата претседатели на федерациите: претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претседателот на ФШФ и потпретседател на УЕФА, Армандо Дука, и претседателот на ФФК, Агим Адеми, информираат од Општината.
-Наскоро Градскиот стадион во Тетово ќе добие европски изглед, а во соработка со ФФМ обезбедуваме 10.000 седишта, како и покривање на трибините за новиот стадион – соопштија од Општина Тетово.

Како што велат од таму, соговорниците се договориле оваа соработка да продолжи и понатаму, за доброто на спортот во Тетово и регионот.

