Општина Тетово повторно повикува на втора јавна дебата за именувањата на улиците

Сподели:

Од Општина Тетово не се откажуваат од идејата за јавна дебата во врска со именувањето на улиците во Тетово. Од таму повторно со повик за јавна дебата во просториите на Големата сала во Општината.

По неуспешниот прв обид на 04.04.2025, Општината повторно ги повикува сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓански сектор, за учество во дебатата на која повторно тема е именувањето на улиците.

-Во петок, 11.04.2025 година, со почеток во 15:00 часот ја организираме втората јавна дебата за Предлози за имиња на улиците. Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците!Секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово!Заедно, отворено, транспарентно разговараме и даваме предлози! – се вели во нивното соопштение.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top