Тетово на 19-ти ноември годинава одбележува 81 година од своето ослободување.
Во организација на Сојузот на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи – Тетово, за 18-ти ноември се најавува мултимедијална градска свеченост во предвечерието на Денот на ослободувањето на Тетово – 19 Ноември.
-Почитувани сограѓани, Ве покануваме на градската свеченост, на настанот за сплотеност и единство, за љубов кон родниот град и луѓето кои го прават голем и горд сите изминати години! Годинава прославуваме под слоганот „Победа која се памети – Слобода која се чува“!
Подготвивме богата програма, квалитетен мултимедијален настан, изненадувања и специјални гости вечерта на празничната свеченост на 18.11.2024 година во 19 часот во ЦК Иљо Антески Смок. Поради големиот интерес секоја година, информираме дека вратите на ЦК Иљо Антески Смок ќе бидат отворени пола час порано. Учтиво ги замолуваме младите да отстапат седиште на повозрасните, а родителите да не доаѓаат со деца од најмала возраст кои ја нарушуваат тишината во гледалиштето.
Поканете ги блиските! Бидете дел од централното градско собирање во годината! Запомнете, борбата на нашите дедовци мора да се памети, слободата мора да се чува! – порачуваат од Сојузот на борци од НОБ и граѓани продолжувачи – Тетово.
Влезот на градската свеченост ќе биде бесплатен.

