На иницијатива на граѓани за формирање на хор во Тетово, во месец септември ќе се одржат прием и аудиции за членство.
Предност имаат сите заинтересирани на возраст 25 +, со претходно хорско искуство, но се добредојдени и сите со значителен музикалитет. Аудициите ќе се одржат на 6-ти (19 часот) и 7-ми (12 часот) септември, во Центарот за Култура „Иљо Антески – Смок“.
Раководител и диригент ќе биде Јасмина Ѓорѓеска – Каро.

За дополнителни информации може да се обратите на heraklea_mk@yahoo.com или на 078497223.