Денеска (08.04.2025) во СВР Тетово – Полициско одделение Камењане, било пријавено дека на електронска адреса на приватен колеџ во с.Камењане била добиена дојава за наводно поставена експлозивна направа.
-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави – велат од СВР Тетово.