30 ноември (недела) е резервиран за ова издание на „Етно вешта жена“.
Традиционалната регионална манифестација, ќе се одржи во Ресторан Сајгија, Гостивар, со почеток во 14 часот.
Иако годинава Гостивар е домаќин, ќе учествуваат и претставнички од Тетово и Кичево – овојпат тема е промовирање на народни носии од различни краеви и националности, придружено со традиционални трпези, вкусна храна и многу други новитети и изненадувања.
Настанот е од хуманитарен карактер, па со собраните средства ќе се посетат дечињата со посебни потреби во пресрет на новогодишните празници.
За музиката се задолжени Маестро бенд со Драгиша Аврамoски, а манифестацијата ќе ја води Ирена Спироска.
Од здружението информираат и за цените на влезниците:
-Влезница со комплетно мени: 600 денари ( за Гостивар )
-Влезница со комплетно мени плус превоз 750 денари ( за Тетово )
Резервации и повеќе информации може да се добијат на телефоните: 078 90 81 76 Мира и 070 20 96 98 Жана.

