СВР билтен: Пронајдена дрога кај гостиварец и физички напад врз гостиварка

Сподели:

Кај 24-годишен гостиварец е пронајдена бела прашкаста материја, информираат од СВР Тетово.

-На 01.12.2025 во 18:05 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ј.Р.(24) од Гостивар затоа што кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок – се вели во билтенот на СВР Тетово.

Од таму соопштија и за физички напад врз гостиварка.

-На 01.12.2025 во 17:10 часот во ОВР Гостивар, Ф.С.(62) од Гостивар пријавила дека околу 14:30 часот, додека била со нејзиниот сопруг на ул.„Браќа Ѓиноски“, била физички нападната од Б.Н. од Гостивар со кого имаат судски спор. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот – информираат од СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден (01 декември), исто така, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е контрола на возила и возачи. При контролата санкционирани се вкупно 28 возачи (ТЕ-13 и ГВ-15) за непрописно паркирање, а 28 возила (ТЕ-23 и ГВ-5) се подигнати со специјално возило пајак. Санкционирани се и 43 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-22).

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top