Секој ден со Плус форте радио е Светски ден на радиото

Сподели:

Радиото не е само медиум – тоа е навика, доверба и чувство на припадност. Во свет полн со брзи информации и визуелни содржини, радиото останува најнепосредниот начин на комуникација, глас што информира, едуцира, забавува и обединува.

Во средина како Тетово, радиото има уште подлабоко значење. Плус форте радио со гордост е единствениот медиум во градот каде што континуирано се говори на македонски јазик, се создава простор за слободен израз, културен идентитет и локални теми што ја отсликуваат реалноста на заедницата.

Преку музика, разговори, информации, автентични гласови, музика и мнооооогу хумор, Плус форте радио со години е дел од секојдневието на своите слушатели – како пријател во домот, во автомобилот и на работното место.

На 13 февруари, Светскиот ден на радиото, ја славиме моќта на звукот и значењето на гласот што се слуша. Ви благодариме што сте дел од нашата фреквенција.

Плус форте радио – затоа што радиото сè уште има душа.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top