И Тетово ќе биде дел од серијата трки „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“, како дел од хуминатрната иницијатива по повод Денот на Европа.
Оваа година, на 25 мај, истовремено во 7 града че се случуваат трки со цел да се соберат средства кои ќе се донираат на Црвениот крст, а сите приходи потоа ќе бидат наменети за поддршка на семејствата од повредените во трагедијата во Кочани.

Како организатор на настанот во Тетово е „Europe House Tetovo“, а остануваат уште 5 дена до пријавувањето за трката. Трката ќе се одвива на Попова Шапка, а обезбеден е бесплатен превоз до локацијата, на 25-ти мај, околу 9 часот наутро, пред „Europe House Tetovo“. Минималната вредност за пријавување за учество во трката е 300 денари, но секој може да понуди сума и повисока од наведената.
Ќе се трчаат 5 километри, а трката започнува од пред хотел „Скардус“ на Попова Шапка. Предвидени се и активности за деца, како и диџеј за забава на присутните.
Од организацијата повикуваат на што поголема масовност, со цел да се соберат што повеќе средства за помош на повредените од Кочани.
-Без разлика дали сте рекреативци, спортисти или професионални тркачи, млади или стари – ова е вашата можност да трчаме заедно, да покажете солидарност и да ги поддржите оние на кои им е потребна помош. Одбери град, регистрирај се и трчај во име на солидарност за Кочани – велат од „Europe House“.
Сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк.