Сојуз на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи Тетово: Повикуваме повторно да се бојкотира сценариото на Касами за глумење јавна дискусија

Сподели:

Од Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи од Тетово со реакција за повторниот обид на Општина Тетово за организирање втора јавна дебата, во врска со процесот на именување на улиците во Тетово.

Од таму апелираат до граѓаните повторно да ја бојкотираат јавната дебата, која е закажана за 11 април, 2025 година, во 15 часот.

-Општина Тетово и Билал Касами ги надминуваат сите граници на трпението на чесните граѓани. Граѓаните кои живеејќи во Тетово секојдневно се соочени со низа горливи проблеми, сите игнорирани од Општината, се шокирани од упорноста со која се води опасен и штетен процес за промена на имињата на улиците и со право се прашуваат доколку толку упорна беше Општината во решавањето на комуналните проблеми ќе беше ли Тетово град на дивоградби, на кучиња скитници, високи сметки за ѓубрарина, а ѓубре по улиците, високи сметки за вода, а постојани рестрикции на вода, град во кој се распродава државното земјиште, а се штити сомнителниот приватен капитал, додека младите се гневни за украдените можности.

Повикуваме повторно да се бојкотира сценариото на Касами за глумење на јавна дискусија во петок на 11.04.2025 година. Нека остане сам во срамот да прибира фашистички, балистички и терористички предлози за имињата на улици како минатиот пат – велат од Сојузот на борци.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top