Сојуз на борци од НОАВМ Тетово: Да живее непокорот на Тетово!

Сподели:

Од Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово со честитка за денешниот празник, 4 јули – Денот на борецот. Целото соопштение ви го пренесуваме во целост:

„Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово на сите граѓани им го честита 4 јули – Денот на борецот.

На денешен ден во 1941 година е донесена темелно значајната одлука за антифашистичка вооружена борба на македонскиот и другите антифашистички народи во тогашна Југославија.

На нашите сограѓани од Тетово во светло на денешниот празник им предочуваме дека од сите нас сеуште се бара доследна индивидуална и колективна борба за обезбедување на пристоен живот на идните генерации. Тоа е борба која секој ден одново мора да се бори.

На политичките партии и лидери, особено на најголемата владејачка и опозициска партија, во пресрет на претстоечкиот изборен процес во октомври им упатуваме апел да не им го ускратуваат потенцијалот за политичка борба на тетовчани, односно да размислат за заедничка платформа која ќе треба да го заштити антифашистичкиот темел и македонскиот карактер на градот Тетово и тетовскиот регион. Изминативе години сведоци бевме на грубо удирање по државотворниот асномски и антифашистички темел од страна на првите луѓе на Општина Тетово, а тоа не само што не смее да се заборави, туку треба да поттикне на единство.

Нека е честит Денот на борецот!
Да живее непокорот на Тетово!“, се вели во честитката на Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи Тетово.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top