Сојуз на борци Тетово: Комисијата за промена на имиња на улиците во Тетово да се распушти

Сподели:

Реакција на ОО Сојуз на борци Тетово, по одржаната 51 седница на Советот на Општина Тетово:

Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи, бара наместо стопирање на работата на Комисијата за промена на имиња на улиците во Тетово (поради законот кој не дозволува ваква активност на 6 месеци пред изборите), нејзино распуштање.

Процесот беше започнат, воден и насочен од градоначалникот Биљал Касами, кон ревизија на историјата и хероите квалификувани како темно минато. Процесот беше бојкотиран од граѓаните, но за жал премолчен од советниците.

Не заборавајте Тетово е антифашистички град! Бараме распуштање на предметната Комисија за промена на имињата на улиците, формирана од Советот на Општина Тетово – се вели во соопштението на Сојуз на борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи Тетово.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top