Сојуз на борци – Тетово: Општина Тетово ги игнорира јавните апели за преименувањето улици во градот

Сподели:

Општинската организација на Сојузот на борците од НОБ од Тетово, со обраќање до јавноста за како што велат, игнорирањето на јавните апели од страна на Општина Тетово за преименувањето на улиците во Тетово. Нивното обраќање ви го пренесуваме во целост:

До јавноста,

Општина Тетово продолжува да го води процесот за преименување на улици во градот и именување на нови улици и во таа насока објави 30 дневен јавен повик за доставување на предлози. Општина Тетово ги игнорира јавните апели на Сојузот на борци, политичките партии и граѓаните, како и ставот на Владата дека е неприфатливо преименување на постоечки имиња на улици во градот Тетово и упорно води постапка и за преименување на улици.

Будно го следиме процесот и примаме почетни загрижувачки информации кои говорат дека Општина Тетово само се обидува да глуми демократија и вклученост на граѓаните, а дека во суштина предлогот веќе е на бирото на градоначалникот.

Законот забранува водење на постапка за определување на имиња на улици најмалку 6 месеци пред одржување на локални избори, па ваквото брзање, глумење демократија, игнорирање на апели и поминување на претходно зацртани предлози е само во служба на предизборието и креирањето на меѓунационална криза и треба веднаш да престане.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top