Од Секторот за внатрешни работи информираат за неколку настани во текот на изминатото деноноќие.
Имено, во текот на претходната вечер бил приведен 37-годишник од Гостивар, кој бил баран за издржување на затворска казна во врска со член 144 од КЗ. Тој бил приведен на улица „Браќа Ѓиноски”, врз основа на судска наредба.
На 31.01.2025 исто така, во 18.00 часот полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 43-годишник од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 41- годишна партнерка со која живееле заедно, дека физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Во билтенот на СВР Тетово е и пријава од Ургентниот центар – Тетово.
-На 31.01.2025 во 05.45 часот во СВР Тетово од Ургентен центар-Тетово пријавиле дека во нивното одделение било примено лице со телесни повреди од физички напад. Веднаш било постапено по пријавата и било констатирано дека се работи за 39-годишник од Тетово, кој бил физички нападнат од живтел на Скопје, настан кој се случил околу 23.00 часот во паркот на улица ,,Борис Кидрич” во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот – информираат од СВР Тетово.
На 31.01.2025 во 16.00 часот во СВР Тетово, пак, 55- годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена од едно лице кое се претставило како адвокат, а на кого заедно со нејзиниот сопруг му потпишале полномошно за завршување на имотно правна постапка и за услугата му платила 1000 евра, но тој не започнал никаква постапка и не се јавувал на телефон.
Во текот на вчерашниот ден во 14.00 часот во ПО Ростуше, 64-годишна жена од Охрид пријавила дека во с. Велебрдо била физички нападната од 60-годишничка од с.Велебрдо, која употребила и дрвен предмет.
СВР Тетово работи на расчистување на сите случаи.