Доказ дека Плус форте радио е врежано во сеќавањата на многу генерации е следната фотографија, која ни ја испрати Марина Анѓелкоска (девојчето на врвот од фотографијата).

Фотографијата е направена во 93′ година, во населбата Два Бреста, а дечињата тетовчанчиња се фотографирани со децата од популарното шоу „Дајте музика“. Тогашното седиште на Плус форте радио се наоѓало токму на Два Бреста.
Таа година, Плус форте ја организираше манифестација „Најдобар наставник од основните училишта“ во Тетово, на која присуствуваа огромен број на деца. Манифестацијата се одржа на Градскиот стадион во Тетово, кој бил преполн со фанови и граѓани.
Плус форте радио и пријателите се секогаш тука за да ве потсетат на едни убави и побезгрижни времиња.