Голем број претставници на здруженија, политички партии и ученици, ќе го одбележат празникот 19 Ноември, Денот на ослободувањето на Тетово.
Годинава се одбележува 81 година слободно Тетово, а од Општинската организација на Сојузот на борци – Тетово НОАВМ 1941-1945г. и граѓаните продолжувачи, известуваат дека чествувањето ќе започне во 10 часот и 30 минути, пред Споменикот на револуцијата во центарот на градот.
-По повод Одбележување на 19 Ноември – 81 година слободно Тетово, Општинската организација на Сојузот на борци – Тетово НОАВМ 1941-1945г. и граѓаните продолжувачи од Тетово, организира чествување на кое ќе присуствуваат голем број граѓани, делегации на здруженија, политички партии и ученици. Одбележувањето ќе се одржи на ден 19.11.2025 година со почето во 10 часот и 30 минути, пред Споменикот на револуцијата во Тетово, каде што ќе положиме свежо цвеќе – се вели во соопштението.

