15-то издание на Меѓународниот Филмски Фестивал „WatchOut!“

Сподели:

Од 10 до 12 јуни љубителите на филмовите ќе имаат можност да погледнат низа квалитетни дела во убавата атмосфера на Музејот на тетовскиот крај, во населбата Два Бреста.

-Ова издание ја истражува сликата како спорен простор, бојно поле каде што секој кадар се бори да ја дефинира реалноста, и каде вистината се крши, се изобличува и постојано се преобликува. Во свет каде што кадарот е бојно поле и секоја слика се стреми да се претстави како „друга вистина“, таму каде самите слики се во прашање, WatchOut! се стреми кон кино кое е сурово и неукротено, со цел да ги отстрани филтрите и да го открие примарното, недопреното – велат од невладината организација „Лоја“ – Тетово, кои и овојпат се организатори на фестивалот.

Од таму додаваат дека проекциите на филмовите ќе се одржуваат три дена по ред, со почеток во 20:00 часот во Амфитеатарот пред Музејот на Комунистичката Партија, во Тетово. Во случај на дожд, проекциите ќе се одржат во Центар ЛОЈА, во мултифункционалните простории: Џебно кино и Community Room.

Оваа година, на фестивалот аплицирале 399 филма од 62 земји и 6 континенти.

-Тоа докажува дека кинематографијата може да креира дебата, да го обликува јавното мислење и да создаде предизвик на статус квото. Ни претставува чест што WatchOut! се етаблира како место за прославување на филмот и референтна точка за автори и љубители на филмската уметност. Овогодинешното издание на фестивалот ќе биде придружено со повеќе работилници што ќе се одржат во просториите на Центарот ЛОЈА. Работилниците ќе ги водат режисерката на наградениот документарен филм, Ф. Есра Јилдиз од Турција, и главниот актер од наградениот краткометражен игран филм, Ињиго Салинеро од Шпанија – информираат од „Лоја“.

Отворањето на фестивалот е закажано за среда, 10 јуни, во 20:00 часот, со поздравни говори од: од претставници на Goethe-Institut и директорот на Центарот за балканска соработка „Лоја“. Истата вечер ќе се одржи и церемонијата на доделување награди.

Жиријата на овогодинешното издание: Ана Бернхард (Меѓународен мировен работник) – Германија, Роберт Алаѓозовски (Уметнички и културен критичар) – Македонија, и Ylljet Aliçka (Сценарист и универзитетски професор) – Албанија, ги доделија наградите за следните филмови:

Категорија Краток Филм: Until God Wills It, David Fernández, Шпанија.

Категорија Експериментален и Анимиран Филм: Sulaimani, Vinnie Ann Bose, Франција.

Категорија Документарен Филм: Istanbul Convention Keeps Alive!, F.Esra Yldiz, Турција.

Сите филмови ќе се прикажуваат во оригинална верзија со превод на англиски јазик, а влезот е бесплатен.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top