Детскиот фестивал „Јаболчиња“ слави јубилеј од 30 години.
Детските грла повторно ќе запеат нови хитови и песнички во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ Тетово, на први јуни. Ова јубилејно издание на фестивалот ќе започне во 19 часот и 30 минути.

Од организацијата ги покануваат сите љубители на убавата детска музика, да го прослават заедно јубилејот и роденденот на овој фестивал кој прерасна во вистински бренд за Тетово.