Регистриран физички напад во тетовското село Џепчиште. Имено, вчера во СВР Тетово, 39-годишен жител на с.Глоѓи, општина Теарце, пријавил дека околу 20.40 часот во правен субјект во с.Џепчиште, тетовско, бил физички нападнат од жител на с.Џепчиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на СВР Тетово.
30-годишник од Тетово, пак, бил приведен во текот на вчерашниот ден, откако бил баран со потерница врз основа на наредба од Основен суд Тетово, за издржување казна затвор, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.