Најавена рестрикција на вода во Тетово заради поставување систем за дигитализација

Сподели:

Тетово повторно ќе се соочи со рестрикција на вода заради поставување на СКАДА системот за дигитализација на управувањето со водоснабдувањето, информираат од ЈП за Водовод и Канализација „Шари“, Тетово. Рестрикцијата ќе се одвива денеска во период од 14 до 16 часот и 30 минути.

Од таму ги известуваат граѓаните дека целта на проектот е подобрување на квалитетот и управувањето со услугите за како што велат, сите граѓани на Тетово.

Известувањето од јавното претпријатие „Шари“ е објавено на нивната официјална „Фејсбук“ страница.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top