Радиото – секогаш тука за нас

Сподели:

Пред да има подкасти, беше радиото.

Аудио раскажувањето приказни започна токму во радио, но во последниве неколку години истото отстапува одредено место на подкастот, бидејќи квалитетот на подкастите е и тоа како зголемен. Сепак, радиото нема да стане ирелевантно. Не само што ни дава приказни што можат да не поврзат со нашите локални заедници, туку секогаш е тука за нас.

Раскажувањето приказни е една од најстарите форми на уметност во светот. Слушањето приказна, со сите нејзини елементи, ни помага да го разбереме сопствениот живот. Не може, а да не не привлече наративот кој се развива во само неколку минути, со звукот на човечкиот глас во центарот. Раскажувањето приказна е подеднакво возбудливо: моќта е во нарацијата, во гласот.

Дури и со зголемувањето на популарноста на подкастите, може да се каже дека тоа е доказ оти аудио медиумот е најинтимниот и најкреативниот медиум. Тоа чувство на блискост и емоционалност што го добивате со радиото, доаѓа од звукот на човечкиот глас. Глас кој како слушател ќе го замислите како пријател. Му верувате. Се развива една чудна интимна врска со публиката и најчесто тоа е затоа што луѓето избираат да дојдат на одредена фрекфенција и да слушаат. И можеби сега повеќе од кога било, ни треба тоа чувство на поврзаност.

Радиото сè уште има неколку милијарди слушатели. Радиото е во живо, може да биде спонтано. Преку него, слушате работи кои ја прошируваат вашата перспектива или ве тераат да се згрозите од одредени појави во општеството, но ве изложуваат на различна музика или други гледишта. Наоѓањето емисија која ви се допаѓа на локална радио станица во мал град, ве учи за тоа место и за луѓето што живеат таму. И каде и да живеете, локалното радио ве поврзува со вашата заедница. Ви обезбедува информации и ресурси секој ден од годината.

Радиото секогаш ќе биде тука.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top