19-годишник од Тетово пријавил дека во текот на вчерашниот ден, во угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од неговиот чичко. СВР Тетово со детали за случајот и останатите настани во изминатото деноноќие.
-На 02.02.2025 во 15.50 часот во СВР Тетово, 19-годишник од Тетово пријавил дека околу 14.30 часот во угостителски објект на улица ,,Љубо Божиновски – Пиш“ бил физички нападнат од неговиот чичко – се вели во соопштението на СВР Тетово.
Од таму, информираат и дека вчера вечер, на ул.„Илинденска“ во Тетово, била лишена од слобода 20-годишна жителка на Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Тетово информира и за два случаи на каснати граѓани од кучиња скитници.
-На 02.02.2025 во 11.45 часот во ОВР Гостивар, 57-годишник од Гостивар пријавил дека во с.Долна Бањица бил каснат од куче скитник. На истиот ден, во 17.20 часот, исто така во ОВР Гостивар, 61-годишна жена од Гостивар пријавила дека претходниот ден околу 13.30 часот, во Градскиот парк во Гостивар била касната од куче скитник – стои во соопштението на СВР Тетово.