Општина Тетово упати јавен повик за учество на бесплатна обука, која ќе се одржи на 08.02.2025 (сабота), во просториите на Советот на Општината.
-Јавен Повик: Општина Тетово, преку Oпштинскиот Совет за Социјална Заштита, упатува јавен повик до сите физички и правни лица, како и до заинтересираните здруженија, да учествуваат на бесплатна обука на тема: „Постапки за лиценцирање за развој и обезбедување на социјални услуги на територијата на Општина Тетово“, која ќе се одржи на 08.02.2025 (сабота) во просториите на салата на општинскиот Совет на Општина Тетово, со предвидено траење од 10:00 до 16:00 часот – стои во повикот на Општината на официјалната „Фејсбук“ страница.
Целта на оваа обука, како што велат од таму е да ги информира и подготви физичките и правните лица, како и различните здруженија за процесот на лиценцирање, правните постапки и условите за развој на социјалните услуги во локалната заедница.