Приведена жена на Јажинце заради илегален влез во државата – детали од билтенот на СВР Тетово

Сподели:

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека во текот на вчерашниот ден била приведена 40-годишна жена од Јужна Африка, поради основано сомнение за илегален влез во државата.

Приведувањето е спроведено на граничниот премин Јажинце. Таа е задржана во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка.

СВР Тетово информира и за следните настани:

-На 04.02.2025 во 09.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода 25-годишник од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека во заедничката куќа, поради нарушени односи, истурил запалива течност и се обидел да ја запали, но бил спречен од неговиот 26-годишен брат. Гостиварецот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар – информираат од СВР Тетово.

Пријавено е и дека во во Основен суд Тетово 58-годишник од село Боговиње, се заканувал на адвокатите Х.Х.(55) од Тетово и Д.Х.(35) од с.Гајре, тетовско, кои биле застапници на лицето со кое тој требал да има судско рочиште. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Во билтенот е регистриран и случај на напад од кучиња скитници. Имено, 20-годишничка од Сојузна Република Германија, со престој во Скопје, пријавила дека на патот помеѓу месноста Бањиче и с.Селце, тетовско, била нападната од кучиња скитници и при обид да побегне паднала и се здобила со повреди, констатирани во клиничка болница Тетово.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top