Од ЕВН известуваат дека во текот на денешниот ден се реализираат планирани прекини во електродистрибуцијата во одредени делови од Тетово.
Имено, од 12 до 14.30 часот, струја ќе нема во дел од град Тетово, односно објекти кои се наоѓаат на деловите од улиците „Илинденска“ кај „Кипер“ и улица „107“.
Исто така, планиран е прекин на електрична енергија од 12 до 14.30 часот во дел од град Тетово, односно објекти кои се наоѓаат на делови од улиците „К.Р. Дрнц“ и „Благоја Тоска“.
Повеќе информации и за планираните прекини во електродистрибуцијата за тетовскиот регион можете да дознаете на овој линк.