Касами: Се молиме ова да биде последна трагедија

Сподели:

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами, заедно со советниците од Општината положија цвеќе на плоштадот во Тетово, во чест на загубените животи од трагедијата во Кочани. На самиот почеток, присутните им оддадоа почит на загинатите со едноминутно молчење.

-Тука сме за во мое лично име и во името на моите сограѓани да ја споделиме нашата длабока болка со сите семејства на загинатите и сите кои се погодени од трагедијата во Кочани. Како Тетово и Тетовчани стоиме сплотени заедно со сите, за полесно да ја поминеме оваа голема болка и трагедија што ни се случи. Се молиме ова да биде последна трагедија. Нашата цел е понатаму како институции да работиме на тоа ваквите случаи да се елиминираат и повеќе да не се случуваат – изјави Касами.

Покрај нив, присутни беа и дел од средношколците од тетовските училишта.

Од утрово, знамињата пред зградата на Општина Тетово се на пола копје. Во Македонија е прогласена седумдневна жалост.

Сподели:

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top